Покана

Покана

Почитувани колеги,

“Здружението на педијатрите на Македонија”, има особена чест да ве покани на Првата Балканска школа и втора школа за педијатри во Македонија со меѓународно учество, која ќе се одржи од 12-15.09.2018 година во хотелот Александар Палас, во Скопје.

Оваа школа има за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Темите кои ќе бидат опфатени на оваа школа се: превентивна педијатрија со имунизација, кардиологија, пулмологија со алергологија, неврологија, гастроентерохепатологија, хематоонкологија како и интензивна нега и реанимација.

Школата ќе даде единствена можност лекарите и помошниот медицински персонал одблиску да се запознаат со меѓусебните практики, пречки, но и стимули во секојдневната работа што ќе овозможи надминување на проблемите и создавање на синхронизиран процес на работа.

Свои стручни излагања на оваа школа ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во превенцијата, дијагностиката, третирањето и заздравувањето, односно целосниот процес на лечење и закрепнување на пациентите опфаќајки ги сите горенаведени теми.

Со задоволство ве очекуваме,

Доц. Др. Аспазија Софијанова
Претседател на здружението на
педијатрите на Македонија

Стани наш член